Моето име е Теона Манговска. Родена сум на 23 Мај 1998 година.
Мојот роден град е Битола, град кој премногу го сакам.
Ученичка сум во 6 одделение во ОУ Климент Охридски во Битола.
Го сакам моето училиште и моите наставници, ги сакам и моите другарчиња со кои секојдневно се дружам.
Освен што учам, наоѓам слободно време за моите различни интереси: возам mount bike велосипед, возам ролери, одам на пливање, минатото лето почнав да учам да нуркам и добив диплома за Bubble maker...
Како и на сите мои врсници и мене ме интересира компјутерот кој ми открива многу нови нешта,
....но сепак најмногу сакам да играм во мојата улица со другарчиња од нашето маало.
Сакам да слушам музика и да гледам филмови.
Колекционер сум на мечки од Build a bear, собирам салветки, кога бев помала собирав Барби кукли, а подоцна и Брац кукли.
Со татко ми во слободно време изработувам макети од авиони.